Донираме храна за црковната кујна во Ѓорче Петров

март 1, 2022
Донираме храна за црковната кујна во Ѓорче Петров

Parklend Hospitality Group и Фондацијата „Енвер Малиќи“ донираа топол оброк за лицата кои ја користат народната кујна „Ѓаконија“ која работи во состав на црквата Св. Петар и Павле во скопската населба Ѓорче Петров. Храната со многу љубов и внимание ја подготвија нашите извонредни готвачи во кујната на ресторанот „Four” – Парк Хотел и Спа.

Во пресрет на голем број празници, Фондацијата „Енвер Малиќи“ со силно чувство за споделување, почна со акција со која ќе донира храна во оваа народна кујна. Останува надежта дека секој што денес ќе дојде, во народната кујна ќе има барем еден пристоен оброк. Нам ни е чест да и служиме на заедницата и да поттикнуваме постапки со добри намери.

Posted in ПРОЕКТИ