По повод 8 Март, Меѓународниот ден на жената, Мрежата на жените во науката организираше тркалезна маса на тема „ЖЕНИ И МОЌНИ ЖЕНИ“.
Претседателката на Фондацијата, „Енвер Малиќи“, г-ѓа Мевлуде Малиќи, имаше чест на оваа тркалезна маса, да зборува за нејзините заслуги во создавањето и успехот во семејниот бизнис. Успехот на секоја жена, како што е г-ѓа Малиќи, е сериозно позитивен пример за сите генерации жени, но и за бизнис заедницата во целина.