Фондацијата „Енвер Малиќи“, во соработка со Почесниот конзулат на Мексико во Република Северна Македонија, го поддржа независниот театарски проект „Фрида“, посветен на животот и уметноста на легендарната мексиканска сликарка Фрида Кало.
Претставата, чиј текст е на Драгана Левенска, а режијата на Тамара Стојаноска, беше реализирана во соработка со Драмски театар Скопје. Премиерата се одржа на 19 октомври, а претпремиерата на 18 октомври, на сцената на Драмскиот театар.
Преку театарски израз, претставата ја открива жената зад препознатливата икона – нејзиниот живот, љубови, лични борби и начинот на кој болката и животните искуства ги претворала во уметност.
Со поддршката на овој проект, Фондацијата продолжува да придонесува кон развојот на културата и независната уметничка сцена.