Повеќе од 120 првачиња од основното училиште „Васил Главинов“ од Чаир и годинава, традиционално добија училишен прибор од Фондацијата Енвер Малиќи.
Мевљуде Малиќи, основач на Фондацијата, на првачињата им посака успешен почеток во најубавите животни предизвици, образованието и другарувањето.
Нина Шерифовска, директорка на Фондацијата порача дека инвестицијата во образованието кај децата е клучна за сите, како за поединците, така и за заедницата.
Ние сакаме да бидеме дел од создавањето на едуцирана генерација лидери.