Фондацијата Енвер Малиќи донираше пакети за самохраните мајки во Приштина, Косово

март 28, 2024
Фондацијата Енвер Малиќи донираше пакети за самохраните мајки во Приштина, Косово

Фондацијата Енвер Малиќи почнува со својата хуманитарна мисија и во Приштина на Косово, каде своето внимание засега го фокусира на самохраните мајки и нивните деца.
– Нашата мисија е јасна – да им помогнеме на оние кои имаат потреба, не само со зборови, туку и со дела. Во соработка со нашите вработени и локалното здружение кое се грижи за овие жени, обезбедивме пакети полни со храна, давајќи им поддршка на храбрите самохрани мајки кои секојдневно се соочуваат со предизвиците за самостојно подигање на децата, вели Нина Шерифовска, директорка на Фондацијата Енвер Малиќи.
Од Фондацијата додаваат дека човечките вредности не се мерат само со зборови, туку се рефлектираат во начинот на кој се прават и добри дела.
Овие семејства сега се сигурни со нашата поддршка. Ќе продолжиме да се ангажираме заедно со локалната организација, бидејќи сме свесни дека нашата обврска не треба да е само еднократна, туку континуирана. Акцијата дојде во вистинско време, обезбедувајќи храна за децата, особено во месецот Рамазан,
Благодарност на сите кои беа дел од оваа важна мисија. Секој добронамерен придонес ги менува животите.

Posted in ВЕСТИ